Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Маж пронајден починат на булевар

Шеесетгодишен маж со иницијали Т.К. од Битола бил пронајден мртов на булеварот Кочо Рацин.

Од Итната медицинска помош пријавиле дека мажот починал додека се движел пеш, кога му се слошило и паднал. Од МВР велат дека била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.