Секогаш во средиштето на збиднувањата...

И на анкетата на МЦМС: Голема предност на Стево Пендаровски пред Гордана Силјановска

Слично како и во претходната анкета, направена во средината на март 2019 година, Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ, е во водство (27,2%) пред Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на Телевизија Телма. Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11,0% од испитаниците што е речиси идентична со таа од претходната анкета.

Гордана Силјановска-Давкова има поголема поддршка кај е етничките Македонците (32,6%) за разлика од Стево Пендаровски (28,6%). Пендаровски пак има поголема поддршка кај етничките Албанци (20,5%) отколку Силјановска-Давкова (0,4%). Поддршката за Пендаровски кај етничките Албанци е поголема за 5,3 пп во однос на претходната анкета. Најголем дел од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за кандидатот Блерим Река (41,6%).

И во оваа анкета, како и во претходната, мнозинство од испитаниците (68,1%) рекле дека ќе излезат, а нешто помалку од една четвртина (22,5%) рекле дека нема да излезат на изборите. Меѓутоа, прашани да кажат колкава е веројатноста да излезат на избори на скала од еден до 10, процентот на оние кои сигурно ќе излезат паѓа на 41,8%, а речиси секој петти (18,3%) сигурно нема да гласа. Споредено со претходната анкета, пораснал процентот на оние што сигурно ќе излезат на избори од 37,2% на сегашните 41,8%, а малку се намалил процентот на оние кои сигурно нема да излезат на изборите од претходните 20,4% на сегашните 18,3%. Од искуствата со поранешни анкети, сигурни гласачи се оние што одговориле со 10, а во зависност од други фактори – може да се смета и на половина или на сите што одговориле со 9.

Во тренд