Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Пилешко во сос од мед и сенф

Збогатете го вкусот на пилешкото месо со сос од мед и сенф и уживајте во вистински гурманлак.

Состојки:

3 парчиња пилешки гради
1 лажичка босилек
1 лажичка мелена пиперка
1/2 лажичка магдонос
1/2 шолја мед
1/2 шолја сенф
сол
бибер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Посолете го пилешкото и побиберете го, па наредете го намастен плех за печење. Во сад измешајте мед, сенф, босилек, пипер и магдонос. Добро измешајте, па со поливината прелијте го пилешкото.

Печете 30 минути во загреана ререна, а потоа свртете го месото и премачкајте го со остатокот од сосот. Печете уште 10 до 15 минути. Почекајте 10 минути месото да се излади пред да го послужите.

Добар апетит!