Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Франција ги засили безбедносните мерки околу верските објекти

Француските власти денеска ги зајакнаа безбедносните мерки околу верските објекти по терористичкиот напад на двете џамии во Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

„Патролите ќе бидат околу верските објекти“, напиша Кастанер на „Твитер“.

Напаѓачот пред нападот објавил своевиден манифест, во кој ги осудува мигрантите, пренесе „Ројтерс“.

Франција беше цел на терористички напади на исламистички екстремисти во 2015 и 2016 година.

Во тренд…