Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Трагедија: Познат идентитетот на работникот во рудник што почина од струен удар

На 13.03.2019 во 14.20 часот во Полициска станица Радовиш од Итна медицинска помош било пријавено дека вработен во рудник во Радовиш, А.Р.(59) од село Воиславци, додека изведувал работи на шесткиловатна трафостаница го удрил струен удар, по што починал, дознава Centar.mk

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.

Во тренд…