Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Инаетот на Иванов може да ги чини граѓаните многу: Непотпишување на закон драстично ќе ги “вивне” цените на горивата

фото Pixabay

Драматично поскапување на горивата се очекува во Македонија, и тоа од 20 до 40 отсто, доколку не помине Законот за енергетика и пазарот на нафтени деривати се либерализира.

Целата ситуација се искомплицира откако Законските измени со кои требаше да се продолжи со досегашната пракса, а тоа е Регулаторната комисија да ги регулира цените на горивата, но претседателот Иванов одби да го потпише.

Според пресметките на првите луѓе во РКЕ, цените можат да се зголемат од 20 до 40%, а тоа го покажало искуството од соседните земји каде се либерализирал пазарот со нафтени деривати.

Повторно измените се пуштени во собраниска процедура и тие мора да стапат во сила пред 8-ми мај со цел да се спречат евентуални ценовни шокови.

Претседателот Ѓорги Иванов, инаку ги вратил сите Закони на кои стои името Северна Македонија, а беа донесени од Парламентот. Кабинетот на Иванов се уште го користи старото име, кое фактички не е уставно име на државава, донесените одлуки под тоа име се проблематични.

Во тренд…