Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Директор на училиште заработи кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(51) од село Слепче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 18.02.2016 до 18.02.2017 и во периодот од 02.05.2017 до 31.04.2018, пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, спротивно на одлуката на Владата на РСМ од 29.07.2013, склучил договор со агенција за обезбедување за патролно обезбедување на училиштето, со што нанел штета од 58.390 денари на Буџетот на училиштеto. Исто така, во периодот од март 2016 до 31.12.2018, пријавениот, спротивно на Законот за средно образование, односно без согласност од Министерството за образование на РСМ, држел настава по предметот историја во наведеното училиште, за што му биле исплаќани дополнителни 3.728 денари во рамките на месечните примања, со што се стекнал со противправна имотна корист од 82.016 денари на штета на Буџетот на РСМ.

Во тренд…