Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Автобусот возел со 99 км на час, а имале проблем и сопирачките – Обвинителството ги откри првите индиции за сообраќајката

фото Centar.mk

На специјалната прес конференција, прва од ваков вид, по страшната сообраќајка кај Ласкарци, Јавното обвинителство објави дека е поведена истражна постапка за шест лица.

Како што информираше јавен обвинител Сашо Рајчев, меѓу осомничените е и возачот на автобусот бидејќи како што истакна обвинителот автобусот се движел со брзина од 99 км на час.

-Поради неприлагодената брзина на патот, возачот изгубил контрола над автобусот, по што преминал во другите ленти и на крајот излетал од патот. Поради техичките проблеми на сопирачките, пак не можел да го запре возилото, рече Рајчев.

Согласно законските прописи, автобусот смеел да се движи со максимална брзина од 80 км на час.

Во тренд…