Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Кутија цигари ќе чини и до 300 денари – Поскапија цигарите во Северна Македонија

Цигарите согласно законските мерки донесени уште пред две години, поскапуваат и оваа година.

Иако зголемувањето на акцизата би требало да значи поскапување на цигарите на 1 јули 2019, сепак некои од брендовите одлучија да ги прилагодат цените порано.

Па така одредени брендови поскапија за 5 денари.

Според предвидениот план цигарите во наредните 4 години се планира да поскапуваат по 4 до 5 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 а некои и до 300 денари.

Инаку последното поголемо покачување на цигарите беше лани во април кога некои цигари поскапеа дури и за 10 денари.

Во тренд…