Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Се бараат вработени – Плата од 120.000 денари, а треба да го прави само ова

Доколу ви се допаѓа идејата да добиватe солидна месечна плата, а до крајот на животот да не работите апсолутно ништо, можеби вниманието ќе ви го привлече еден интересен шведски експериментален уметнички проект чија цел е работно да ангажира една среќна личност – со само еден услов.

За концептуалниот уметнички порект во Гетеборг, финансиран од владата, Швеѓаните ќе изберат еден среќник чија задача ќе биде секој работен ден да се појавува на железничка станица, која во моментов е во изградба, и да го пријави своето доаѓање.

Потоа, на платформата ќе се вклучат низа флуоресцентни светилки со цел другите да знаат дека бескорисниот работник дошол на работа тој ден. Откако ќе заврши ваквата процедура, лицето ќе може да прави што сака, а може и да не прави ништо, додека не му заврши смената кога треба да ги исклучи светилките, пренесува „Oddity Central“.

Во текот на работното време, вработениот не ни мора да биде на работното место, а може и да даде отказ од позицијата односно да биде заменет кога и да посака. Ако кандидатот не најде друга работа, неговата позиција е загарантирана до крајот животот.

Избраниот кандидат ќе заработува околу 2.320 долари месечно, плус годишни бонуси, бенефиции, одмор и гарантиран пензиски фонд.

Пред две години, Швеѓаните објавиja меѓународен натпревар за уметници кои се подготвени да придонесат со идеи за железничката станица Корсваген, при што за победничкиот проект беше предвидена сума од 7 милиони шведски круни.

Но, Симон Голдин и Јакоб Сенеби, шведско уметничко дуо, сугерирале парите наместо на дизајн, да се трошат поинаку – така што едно лице ќе добива плата, а нема да работи апсолутно ништо. Така започнала идејата за проектот наречен „Вечно вработување“.

Проектот им се допаднал на надлежните и победил на конкурсот во октомври минатата година. Тој предизвикал длабоки поделби, реакции и жестоки дебати, а многу автори рекле дека идејата е залудно фрлање на парите од даночните обврзници.

Во тренд…