Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Брзо и лесно: Вкусен и кремаст тирамису мус

Израдувајте ги домашните и гостите со овој едноставен, а вкусен десерт.

Десертот после вечера или ручек не мора да биде секогаш во вид на торта или колач. Испробајте го овој рецепт за тирамису мус во чаша.

Состојки:

1,5 лажичка инстант кафе
1/4 шолја врела вода
1 шолја павлака за шлаг
1,5 шолја шеќер во прав
240 гр маскарпоне сирење
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица какао
30 гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:

Инстант кафето ставете го во врела вода и измешајте, па оставете да се излади пет минути. Павлаката за шлаг разматете ја со миксер додека не добиете цврст шлаг, а во посебен сад разматете маскарпоне сирење и шеќер во прав со ванила една лажица кафе. Кафето дозирајте го по свој вкус.

Кремот од сирење нежно соединете го со шлагот. Потоа во високи стаклени чаши наредете слој крем со малку какао во прав па така до врв, но последниот слој крем наместо со какао посипете го со рендано чоколадо. Сè ставете во фрижидер добро да се излади и послужете.

Уживајте!

Во тренд…