Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Анкета: СДСМ со драматично водство пред ВМРО ДПМНЕ – ако има утре избори власта буквално ќе ја “прегази” опозицијата

Во случај да има предвремени парламентарни избори, најголем број од испитаниците, односно 29,1 отсто ќе гласаат за Коалицијата предводена од СДСМ, а 18,1 отсто за Коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ, покажува анкетата која за потребите на телевизија 24 ја направи ТИМ институт.

– Анкетата е спроведена во периодот од 6 до 9 октомври 2018 на 1.096 испитаници, државјани на Република Македонија на возраст од 18 години и постари, пренесе тв 24.